Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2008 со две високи победи ја стартуваше Детската лига
ФК Вардар генер.2008 со две високи победи ја стартуваше Детската лига

ФК Вардар генер.2008 со две високи победи ја стартуваше Детската лига

Генерацијата 2008 на Шампионски начин го започна одбрана на трофејот во детската лига. Утрово на терените на ФФМ оваа генерација на Вардар  предводена од Пепи Ѓорѓиевски одигра два натпревари на кои забележа победи.

Вардар (1) најпрво излезе на теренот и ја победи екипата на Форца (4:1). Првиот директен удар кон голот го имаа црвено-црните откако Огнен Бојковски шутира над голот. Во следната акција, Трпевски додаде до Бранковски, овој шутира но брани голманот на Форца. Избраниците на Петар Георгиевски успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0 со голот на Петар Блажевски. На голот претходеше добра акција на нашите играчи, кои во гол ја круниса Блажевски. Имавме голема прилика преку Ненад Дамјаноски да го зголемиме резултатот, но одбрани противничкиот голман. После една грешка на последната линија на Форца, Вардар поведе и со 2:0. Топка одзема Лука Трпевски кој успева да го совлада голманот на Форца, за зголемување на 2:0. До крајот на првиот дел се обиде и Бранковски, кој бие од слободен удар, но брани голманот.

1-2

И во вториот дел имавме повеќе од играта на овој меч и создававме шанси. Форца пружи отпор, но недоволен  да се запре оваа екипа на Вардар. Со вториот гол на Петар Блажевски, црвено-црните успеваат да го зголемат резултатот на 3:0. Се закани и Форца, но одбрани Лука Грчевски. До крајот на мечот беа постигнати уште два гола. Најпрво Вардар зголеми на 4:0 со погодокот на Ненад Дамјаноски, за Форца да постигне почесен гол и да ги постави конечните 4:1 на овој прв дуел од детската лига.

5

ФК Вардар(2) ја совлада екипата на ФК Куманово со високи 4-1 (3-0) во меч во кој доминиравме целосно.
Дуелот почна со наша иницијатива, првите минути беа во знак на Митаноски. По една добра акција Илија Митановски упати убав удар голманот со крајни напори исфрли во корна. По изведување на корната истиот играч дојде до топката и умешно ја смести во голот на кумановчани за 1-0. Преку Арти Азизи успеавме да ја удвоиме предноста, нашиот напаѓач погоди за 2-0. Следеше наша домининација, имавме големи шанси преку Арти и Коста Бошковски кои не ги претворивме во гол. Првиот дел заврши со погодена греда од Бошковски која беше последна шанса за нас во овој период.

7
Вториот дел започна со пенал за ривалот, на нашиот гол одлична одбрана имаше Дарко Јовчев кој одбрани на прекрасен начин. Матеј Киш имаше две прилики потоа со нога и глава, двата негови одлични удари минаа крај голот на кумановчани. Ривалот на средината од вториот дел намали на 3-1, по добро изведен пенал. Ние веднаш преку Бошковски Коста ја вративме предноста и поведовме со 4-1. До крајот имавме два одлични слободни удари кои не завршија во голот, Киш и Азизи се обидоа да погодат по пети пат за нас. Јовчев уште еднаш ги прикажа своите квалитети, тој фати една одлична топка под гредата.

 Успешен почеток на новата сезона во детската лига, за генерацијата 2008 на ФК Вардар.