Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Гуџуфи и Ибраим го скршија отпорот на Милано, пом.пионери на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето од купот
Гуџуфи и Ибраим го скршија отпорот на Милано, пом.пионери на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето од купот

Гуџуфи и Ибраим го скршија отпорот на Милано, пом.пионери на ФК Вардар се пласираа во 1/4 финалето од купот

Помладите пионери на ФК Вардар успеаа да се пласираат во 1/4 финалето од купот на Македонија. Утрово на теренот на Академијата, нашите млади надежи ја победија екипата на Милано (2:0).

Тренерот Тодоровски започна со: Ангелов, Павлески, Ричков, Јаневски, Милошевски (c), Љушев, Перковски, Дошев, Ибраим, Здравковски, Гуџуфи.

Екипата од Куманово пружи силен отпор, иако во најголем дел од мечот се бранеше на својата половина. Во првото полувреме не видовме гол, иако Вардар имаше неколку зрели шанси да го отвори резултато, но и Милано имаше неколку удари кон нашиот гол, кои ги скроти Наум Ангелов.

Во вториот дел, вардарци продолжија со офанзивната игра, но Милано успешно ги затвораше сите приоди кон нивниот гол. Бесар Гуџуфи имаше голема прилика да го отвори резултатот, откако се најде во противничкиот шеснаесетник, биеше, но голманот на Милано успешно одбрани и речиси спречи негатива за својот тим. Продолживме со нападите, можеби прашање на време беше кога ќе успееме да ја затресеме противничката мрежа. Се обиде Јаневски од слободен удар, но биеше за малку крај голот.

1 2 3 4

Конечно избраниците на Тодоровски успеваат добрата игра да ја наградат со погодок. Се играше акција од левата страна, кога Гуџуфи несебично додаде до Левент Ибраим, а овој од само неколку метри ја вметна топката во мрежата на Милано, за предност на Вардар од 1:0. Истиов играч имаше нова прилика, но одбрани голманот, додека во последните минути од дуелот, Бесар Гуџуфи се запишува во листата на стрелци, откако од Стефан Стојановски поведе одлична акција, додаде до Бесар, овој го матира голманот за 2:0, што беше конечен резултат на овој единствен дуел од 1/8 финалето во купот на Македонија.