Македонската фудбалска репрезентација до 15 години во периодот од 24-30.септември ќе биде дел од меѓународен пријателски турнир во Сан Марино.
За овој турнир, селекторот на Македонија, Тони Јакимовски, повика двајца играчи од Вардар. Се работи за Горјан Цветков и Влатко Кулуковски.
На турнирот покрај Македонија ќе настапат уште и репрезентациите на Сан Марино, Андора и Латвија.