Успешни настапи во четвртото коло на детската лига, забележаа и Вардаровите генерации, фудбалери родени “2002“ и “2003“ година.
Фк Вардар генерација “2002“ немаше никаков проблем во ова коло да забележи нова победа. Како на тренинг избраниците на Павел Неделковски остварија убедлива победа проив екипата на Кул. Конечниот резултат гласеше 9:1. Црвено-црните доминираа на теренот, иако триумфот можеше да биде изразен и со повеќе голови разлика. На полувреме заминавме со водство од 4:0. Дури четири играчи во редовите на Вардар успеаа по два пати да се запишат во листата на стрелци. Тоа беа Дамјан Андреев, Харбин Речица, Марио Илиевски и Дарко Димитров. Еден погодок беше дело на Петар Гугуљанов.
Сигурни во ова коло беше и Вардаровата генерација родени“2003“ година. Тие за противник ја имаа екипата на Гоблен од Куманово. Рутински со резултат од 5:0 успеаа да впишат нови бодови во детската лига. Противникот успешно одолеваше на нападите на црвено црните во првото полувреме, кога на одмор се замина со минимални 1:0. Во вториот дел, Вардарци до врв ја наполнија нивната мрежа. Филип Ѓоргиевски постигна 2 гола, по еден дело на Дамјан Марковски, Александро Прелоговски и Дарио Јовановски.