Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Победа и реми за кадетите и младинците од гостувањето во Куманово кај ФК Еуроспорт
Победа и реми за кадетите и младинците од гостувањето во Куманово кај ФК Еуроспорт

Победа и реми за кадетите и младинците од гостувањето во Куманово кај ФК Еуроспорт

Избраниците на Филип Спасевски, кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар денес гостуваа во Кумнаово. На натпреварите со тимовите на ФК Еуроспорт ние остваривме победа и реми.

Кадетите на Вардар успеаа да дојдат до минимaлна победа на гостувањето во Куманово кај врсниците од тимот на Еуроспорт. Победата дојде со резултат 2-3 (1-1). Вардаровиот тим дуелот го започна со следните момци: Китановски, Петејчук, Асани, Демири, Ѓурковски, Крстевски, Хасани, Омерагиќ, Речица, Игнатов и Гугуљанов.

Мечот имаше динамичен тек, на истиот имаше две изедначувања на резултаот. Најпрвин домаќинот успеа да поведе со 1-0 во 15.минута. Ние брзо се консолидиравме и по три минути погодивме за резултатска симетрија, 1-1. За црвено-црните момци стрелаше  Азер Омерагиќ. Со овој резултат се замина на пауза помеѓу двата дела.  Ние многу работевме да дојдеме до водство, истото дојде во 68.минута преку Фазлиу Атом, кој стрелаше за пресврт и наше водство со 1-2. За жал, она што со мака го добивме веќе во следната минута домаќинот со брз погодок го анулираше, тие погодија за реми 2-2.  Работите се менуваа како на филмска лента, во следната минута Ѓурковски Александар беше најприсебен и погоди за ново водство овој пат со резултат 2-3. По овој гол успеавме да одиграме умно и ја задржавме предноста впишувајќи важни три бода од ова гостување.

Младинците на Вардар забележаа само реми со тимот од Куманово, имавме негатива на полувреме па во вториот дел успеавме да извадиме реми, 1-1. За нас  започнаа: Андов, Зендели, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевски, Хасановиќ, Димоски, Трајановски, Ристовски и Рушити.

Двете полувремиња  беа обележани со по еден погодок на двата различни тима, па реми исходот беше загараниран на крајот. Домаќинот го доби првиот дел со минимални 1-0, единствениот гол беше постигнат во 33.минута. Во вториот дел ние успеавме да се спасиме од негатива по само 7.минути фудбал. Во 52.минута за нас погоди Манасиевски Филип, кој стрелаше за 1-1. Резултат кој подоцна се покажа како конечен.