Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Фк Вардар со една “нога“ се во 1/2 на купот на Македонија
Кадетите на Фк Вардар со една “нога“ се во 1/2 на купот на Македонија

Кадетите на Фк Вардар со една “нога“ се во 1/2 на купот на Македонија

Реванш натпреварот во Скопје, помеѓу кадетските екипи на Вардар и Младост Ц.Ц. ќе биде само формалност. Денес се одигра првиот меч во рамките на 1/4 од купот на Македонија, помеѓу овие два тима. Нашите кадети забележаа убедлива победа на гостувањето во Охрид, со резултат 1:4. Филип Таневски постигна два гола, по еднаш во листата на стрелци се запишаа капитенот Дејан Маркоски и Дамјан Менкиноски.

Црвено-црните немаа поголеми проблеми на овој дуел, иако важеа за фаворити, можеби не се очекуваше да победат со голем резултат. Младост во првиот дел пружи отпор и не дозволи овој меч да биде решен уште во провото полувреме. Сепак на одмор заминавме со предност од 0:1, со голот кој беше дело на Дамјан Менкиноски.

Во вториот дел Вардар го решија противникот, иако домаќините успеаа да израмнат на 1:1. Тоа беше се што сторија на овој куп натпревар, бидејќи до крајот постигнавме уште три голови во нивната мрежа. Измената која ја направи Влатко Колев и внесувањето во игра на Филип Таневски вроди со плод. Овој играч набрзина постигна два голови за веќе водство од 1:3 за Вардар. За да биде триумфот уште поубедлив и мирно да се почне во реваншот, се погрижи капитенот Дејан Маркоски кој ја запечати судбината на Младост. Со неговиот гол ги поставивме конечните 1:4 на овој прв куп натпревар од 1/4. Реваншот е за една недела во Скопје, каде нашите кадети не би требало да имаат поголеми проблеми да се пласираат во следната рунда.

Фк Вардар: Зибери, Пирков, Тодоров, Серафимов, Петревски, Китановски, Насковски, Спиркоски, Менкиноски, Трајчевски, Маркоски