Утрово во малата сала на С.Ц. Јане Сандански стартуваше новата сезона во ракометната „Јуниор Лига“.
Денешната програма стартуваше со два меча во машкиот дел, кај генерацијата родени 2008/09 година. До победи стигнаа екипите на Ангели и Бисинов (1)
На првиот дуел екипата на Ангели убведливо ја совлада екипата на Бисинов (2). На овој дуел, Ангели беа доминантни и славеа со убедливи 2:23. Се играа две полувремиња по 15 минути. По првото полувреме, екипата на Ангели имаше убедлива предност од 0:15. Првиот гол, тимот на Бисинов (2) го постигна во 17 минута кога го намали резултатот на 1:17. До крајот на мечот постигнаа уште еден гол, додека избраниците на Силвана Миленковиќ додадоа уште шест, па на крајот од мечот конечниот резултат гласеше 2:23.
Екипата на Бисинов (1) го доби својот меч против екипата на ОПШ.Кисела Вода со резултат 17:15. На стартот од мечот, екипата од Велес ја направи потребната разлика кога поведе со 4:0, па во продолжение од мечот беше тешко да се стигне водството. Истава позитива ја имаа и при резултат 6:2, 8:4 и 11:7. На полувреме, Бисинов исто така беше во позитива од четири гола, резултатот гласеше 12:8. И во второто полувреме, избраниците на Никола Бисинов имаа контрола на резултатот и ја одржуваа предноста. Намали за момент екипата на Кисела Вода на 13:10, но тимот на Бисинов врати со два гола во серија и зголеми на 15:10. Во последните минути од мечот, Кисела Вода намали на 16:14, но немаше време за поголеми возбудувања, победата им припадна на Бисинов (1) кои славеа со резултат 17:15.