Од утре до недела во нашиот главен град, Скопје ќе се одржи турнирот во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“. Натпреварите ќе се одиграат лизгалиштето при „А1 Арена“ поточно СЦ „Борис Трајковски“.
Хокеарите на ХК Вардар заедно со екипата на „Македонија јуниори“ тим кој е селекција составена од младински играчи ќе ја преставуваат нашата земја на овој настан. Ќе има четири тима на мразот, учество покрај двете домашни екипи ќе земат уште и екипите на Торпедо Букурешт од Романија и меѓународниот тим, „Тим Интернешнл“. Во неговиот состав ќе се најдат играчи од цела Европа како и од Северна Америка кои се љубители на хокејот и воедно сакат да го посетат нашиот главен град.