До крајот на годината останува за одигрување уште натпреварот против Некде, во рамките на СЕХА-лигата. Без разлика на исходот од овој меч, црвено-црните веќе го потврдија првото место во групата, со тоа и директниот пласман во 1/4 финалето на СЕХА.
Што се однесува до најдобрите асистенти во лигата, тројца играчи од Вардар се наоѓаат во ТОП-10. Највисоко котира, Сташ Скубе, кој се наоѓа на 4.место со вкупно 22 асистенции. Од 8-10 место се наоѓаат, Кристопанс и Атман, кои имаат по 18 асистенции. Првото место е за Лапајне од Татран, додека Бувиниќ од Нексе се наоѓа на второто место.