Клубот за Реално Аикидо „Вардар“ постои повеќе од пет години. Станува збор за екипиран колетив со повеќе од полудецениска активност во оваа вештина. Досега тренинзите се одржуваа во ОУ„Александар Македонски“ во скопската населба Ново Лисиче. Сепак клубот иде „левел“ погоде и ќе понуди дополнителен простор и дополнителни термини за своите членови. Дојде време за нов, позитивен исчекор, напред во инфраструктурната поставеност на тимот, обогатување на понудата која ќе ја имаат сегашните и идните членови.
Црвено-црните од 1-ви јануари, идната година ќе имаат уште една локација, Вардар ќе фунционира на двете страни на градот истовремено. Новата локација се наоѓа на улица Козле број.20, па така ќе биде достапна и за евентуалните млади членови од западниот дел на градот. Нормално ќе веднаш започнуваат уписи на нови членови, за напомена и понатака во Ново Лисиче се ќе фунционира на исти начин. Само сега клубот ќе има две локации, две можности за термини и многу повеќе простор за остварување на зацртаните планови и програми кои се пред нив.
Досега па и од сега во Вардар како големо име ќе се работи професионално, напорно, вредно и посветено. Вардаровиот Реал Аикидо тим е одлично стручно екипиран, тренинзите ги водат искусни мајстори со интернационални лиценци за реален аикидо, станува збор за: г-н Антоан Диневски 2ри дан, Антонио Дамјановски 2ри дан и Бојана Диневска 2ри дан. Покрај нив дел од клубот се асистент тренерите: Кристијан Ранковиќ 1ви дан, Андреа Диневска 1ви дан и Јосиф Грујоски 1ви дан- детски црн појас. Потоа асс.тренерите Јаков Ивчевски 1дан и Драгана Јовановиќ 1дан.
*Од 15-ти до 31-ви декември во новата сала, Вардар ќе одржува: „бесплатна промоција“ на вештините за заинтересираните идни членови.
* За крај од клубот “Вардар“ имаат порака: Сите наши тренинзи се од отворен тип, повелете, дојдете да се дружиме. Уписот на нови црвено- црни членови се врши на секој тренинг, без надокнада.
Контакт телелефон: 076- 959- 960.