Младинците на фудбалскиот клуб Вардар го финишираа есенскиот дел од сезоната во младинската Супер лига на 6.место со вкупно 19 освоени бодови.
Интересно, во младинскиот состав нема ниту еден играч кој бил стартер на сите 14 натпревари во есенскиот дел. На 13 натпревари во првите 11 започнале, четири играчи, тоа се Давид Ристовски, Далибор Костовски, Иван Мицевски, и Виктор Мирчевски, а најмногу минути поминати на теренот има Ристовски. Играчот од средината на теренот на вардаровите младинци има одиграно вкупно 1.147 минути, веднаш после него со 1.076 минути е Далибор Костовски, додека Иван Мицевски поминал 1.057 минути на теренот.
Најмногу жолти картони има токму играчот кој највеќе играше, тоа е Давид Ристовски кој заработил пет картони, додека и во оваа екипа на Вардар не бил доделен ниту еден црвен картон на полусезоната.
Вака изгледа комплетната статистика за оваа генерација на Вардар, а дополнително ќе ги изнесеме и играчите кои успеваа да постигнат голови во есенскиот дел.