Во, Приедор во една од најновите куглани на балканот во организација на Кугларски клуб Рудар се одржа поединечен силен меѓународен турнир, „Приедор Опен 2019“. За нас интересни се настапите на двајца куглари на овој турнир во Република Српска, БиХ.
„Кугларскиот Моцарт“ поранешниот вардарец Бојан Влаќевски настапи и веднаш остави свој „печат“. Веднаш рекордот на кугланата го впиша зад своето име, повторно “вонземјанска’ партија прикажа нашиот репрезентативец. Бојан кој игра во животна форма имаше неверојатни 711 „соборени дрва“ на овој настап. На „полни“ имаше 409, а на „чистење“ неверојатни 302 на овој настап. Нема потреба од дополнителни суперлативи, очигледно ова момче го оправда епитетот „Кугларски Моцарт“.
Настап имаше и играчот на КК Вардар, Милош Миливоевиќ. Тој имаш солиден настап на патеките во Приедор. Вардаровиот интернационалец запиша зад своето име 588 „соборени дрва“, Милош е првото странско засилување за црвено-црните во историјата и тој оваа сезона е дел од вардаровиот тим.