Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Четири екипи во борба за трофејот во кадетската фудбалска лига, преглед на полусезоната за вардаровите кадети
Четири екипи во борба за трофејот во кадетската фудбалска лига, преглед на полусезоната за вардаровите кадети

Четири екипи во борба за трофејот во кадетската фудбалска лига, преглед на полусезоната за вардаровите кадети

Голема ќе биде борбата околу освојување на шампионската титула во кадетската фудбалска лига. Две екипи после завршување на есенскиот дел имаат еднаков број на освоени бодови, тоа се екипите на Вардар и Шкендија, додека третопласираниот Работнички заостанува само еден бод. Лошо ја започнавме сезоната кога после пет одиграни кола имавме дури три порази, но како одминуваше есенскиот дел игравме се подобро. На последните пет меча од полусезоната остваривме четири победи и само еден нерешен резултат, оној во Битола против екипата на Пелистер, кога примивме гол во последните минути од мечот. Гол разликата е 30 постигнати и 15 примени голови. Остваривме 9 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази. Екипата на стартот од сезоната беше предводена од Деспотовски, а после неговото заминување во Емирејтс каде работи како помошен тренер, кадетите ги превзеде Филип ивановски.

1w1

Сите постигнати резултати за вардаровите кадети во есенскиот дел: 

1 коло: Вардар – Победа  2:1

2 коло: Шкендија – Вардар  4:1

3 коло: Вардар – Пелистер  3:1

4 коло: Шкупи – Вардар  1:0

5 коло: Вардар – Работнички  0:1

6 коло: Еуроспорт – Вардар  2:3

7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 4:0

8 коло: Вардар – Њу Старс 4:0

9 коло: Акад.Пандев – Вардар  0:0

10 коло: Победа – Вардар  1:5

11 коло: Вардар – Шкендија  2:1

12 коло: Пелистер – Вардар  1:1

13 коло: Вардар – Шкупи  2:0

14 коло: Работнички – Вардар  2:3

Само поради еден гол, екипата на Шкендија се промовираше во есенски шампион, а во пролетниот дел не очекува голема борба за трофејот со оглед дека разликата меѓу првите четири екипи на табелата е само два бода.

80589510_986697508360521_7476596296267071488_n

Кадетите на пролет ќе играат во полуфиналето на Купот и ќе имаат можност да се борат за големото финале. Во осминафиналето бевме слободни, додека во четвртфиналето ја елиминиравме екипата на Њу Старс.

1/4,1 меч: Њу Старс – Вардар  2:1

1/4, 2 меч: Вардар – Њу Старс  5:1

Во следниот текст за оваа генерација ќе ги изнесеме најдобрите стрелци и играчите кои успеаа да ги постигнат головите во двете натпреварувања.