Младиот состав на Вардар Јуниор и оваа сезона има големи шанси да обезбеди опстанок во најсилната супер лига. Тимот од кој се „црпат“ играчи за во првиот тим, го заврши есенскиот дел на 6.место. Избраниците на Стојан Петрушевски на 14 одиграни натпревари остварија шест победи и осум порази. Иако остануваат да се одиграат уште четири кола од регуларниот дел на сезоната, младите вардарци е сигурно дека ќе се натпреваруваат во плеј-аутот.
Очекувани беа победите против екипата на Струга, додека Вардар Јуниор изненади со триумфите на домашен терен против екипите на Радовиш и Пелистер. Покрај тоа, црвено-црните успеаа да слават и во дуелите со екипите на Работнички и Металург 2 и тоа на гостински терен. Гол разликата е 385 постигнати и 417 примени голови.
Сите постигнати резултати на Вардар во есенскиот дел на сезоната:
1 коло: Радовиш - Вардар Јуниор 32:28
2 коло: Металург – Вардар Јуниор 41:17
3 коло: Вардар Јуниор – Бутел 26:31
4 коло: Струга - Вардар Јуниор 23:24
5 коло: Вардар Јуниор – Охрид 23:28
5 коло: Металург 2 – Вардар Јуниор 30:38
6 коло: Вардар Јуниор – Пролет 27:38
7 коло: Работнички – Вардар Јуниор 26:35
8 коло: Вардар Јуниор – Пелистер 29:25
9 коло: Вардар Јуниор – Радовиш 29:26
10 коло: Вардар Јуниор – Металург 31:33
11 коло: Бутел - Вардар Јуниор 28:20
12 коло: Вардар Јуниор – Струга 40:23
13 коло: Охрид – Вардар Јуниор 33:18
Екипите на Работнички и Струга се екипите кои се на дното на табелата и кои најверојатно ќе испаднат од Супер-Лигата. Последнопласираниот испаѓа директно, додека претпоследниот игра бараж со тимот кој ќе заврши втор во првата ракометна лига.