Помладите пионери на ФК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на првото место во помлата-пионерска Супер лига и успеаа да се пласираат во полуфиналето на купот.
Оваа генерација во есенскиоот дел постигна вкупно 54 голови, од кои 46 беа во лигата и 8 во купот. Најдобар стрелец на екипата е Бесар Гуџуфи кој успеа да постигне 22 гола.
Ова се сите играчи кои ги постигнаа головите во двете натпреварувања:
1. Бесар Гуџуфи 22
2. Левент Ибраим 9
3. Игор Јаневски 4
4. Димитар Стоимов и Теодор Перковски по 3
5. Стефан Стојановски, Горазд Попов и Георг Стојановски по 2
6. Марио Ричков, Никола Павлески, Давид Љушев, Лука Ивановски, Талха Идризи, Исмет Хајдари и Никола Величковски по 1 гол.