Артурс Кугис првиот голман на Летонија за време на летниот преоден рок пристигна во европскиот шампион Вардар, откако претходно играше фантастично за неговата репрезентација. Впечатливите партии за репрезентацијата против Словенија и други селекции му помогнаа да привлече голем интерес од неколку европски гиганти, но на крајот Кугис решил да одбие и двојно поголема плата само за да потпише со Вардар.
*По мечот со Словенија добив неколку понуди. Интерес за мене покажаа Вардар и уште два тима кои се натпреваруваат во Лигата на шампиони. Сепак, јас го избрав Вардар затоа што тие беа двапати шампиони во три години, а исто така и Даинис Криштопанс настапуваше во нивниот тим. Имав многу подобри финансиски понуди, но поразговорот со моето семејство решив да потпишам за Вардар. Можам да кажам дека ми нудеа двапати поголема плата од моменталната- вели Кугис.