Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Жаклина Стојановска: Тренер на годината за мене е значајно признание, се трудам да пренесам знаење на помладите
Жаклина Стојановска: Тренер на годината за мене  е значајно признание, се трудам да пренесам знаење на помладите

Жаклина Стојановска: Тренер на годината за мене е значајно признание, се трудам да пренесам знаење на помладите

Пред почетокот на минатата сезона раководството на кошаркарскиот тим на Вардар се одличи да и подари доверба на Жаклина Стојановска да го води женскиот тим. Времето покажа дека тие го направија вистинскиот потег, донесоа вреден, амбициозен, едуциран и посветен тренер кој донесе успех.

ЖКК Вардар во сезоната 2018/2019 година дојде до двете титули, Купот повторно го обоја црвено-црно, а во лигата конечно „падна“ Бадел и ние суверено владееме во женската сениорска кошарка. Стојановска во голем стил го води тимот и оваа есен каде замина на одмор како лидер на табелата, во периодот на паузата беа доделувани награди, таа сосема заслужено беше лауреат на два избора.

zaki3

Несомнено, Стојановска има зад себе феноменална година која нема да се заборави. Во 2019 година го видеше вардаровиот женски тим до двојна круна. Таа успешно се покажа како кормилар, дојдовме до третта Куп титула по ред и успеа со девојките да го „детронизирана“ Бадел кој суверено владееше со Првата женска кошаркарска лига. 

Изминатата 2019 беше одлична година, одигравме со 100% учинок во секој натпревар, ја завршивме сезоната без пораз, а во Гевгелија се радувавме и на Купот. Освен титулите, годината ја одбележа еден нов тим на Вардар со помлади играчи кои ја искористија секоја минута на теренот и покажаа дека сакаат и знаат да играат. И товарот и костурот на стартната петорка го изнесоа девојки кои треба да бидат идните сениорски репрезентативки. Тоа е она што е и можеби поголем успех, освен двете титули – кои секако многу значат и се посакуван спортски успех за секој клуб.

Нејзината работа, труд и залагање не можеа да одминат незабележано. Жаклина Стојановска доби две награди за “најдобар тренер“ во женскиот спорт за изминатата година со што само се потврди колку голем успех постигнала со својот тим.

zaki

- Тренер на годината за мене лично е значајно признание, бидејќи последниве 9 години откако завршив со активно играње кошарка, се трудам да го пренесам моето кошаркарско знаење на сите возрасни категории кошаркарки, од најмали девојчиња, до освојување на двојната титула во сениорска конкуренција. Сметам дека тоа постепено одење низ тренерски води е она што носи успех и за тренерот и за тимот. Признанијата секако дека многу значат, но на крајот се статуетки кои остануваат како спомен за одлично изработена сезона. Она што е поголем успех, и што особено ме радува е кога ќе видам како некои од тие мали девојчиња кои беа дел од школите кога ја почнував мојата кариера во 2010 година, сега настапуваат во клубови надвор од државата и се дел од младинските репрезентации, а некои се дел и од сениорската репрезентација на Македонија.

 На 8.ми јануари ЖКК Вардар ги “запали моторите“, сите  девојки се на располагање, кои се целите за оваа пролет и 2020 ни открива кормиларот на црвено-црните дами за крај.

- ЖКК Вардар пред себе има нови цели, покрај тоа што есенскиот дел резултатски го завршивме со максимален учинок со сениорките, приоритет ни е развивање на младинскиот погон. Имаме пријавено екипи во сите возрасни категории каде посветено и трпеливо ќе се развиваат успешни кошаркарки, покрај нападот на сениорските титули еднакво важно за нас е создавање кошаркарска иднина во црвено-црниот тим-вели Стојановска за Вардар фанс.

zaki4

Михајло Тушевски