Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров промаши удар за бод, Унгарија минимално ја совлада Русија на ЕП
Дибиров промаши удар за бод, Унгарија минимално ја совлада Русија на ЕП

Дибиров промаши удар за бод, Унгарија минимално ја совлада Русија на ЕП

Руската ракометна репрезентација го одигра првиот натпревар на ЕП, на кој забележа минимален пораз од селекцијата на Унгарија.

На овој меч, во составот кој е предводен од Едуард Кокшаров, настапија и пет играчи од Вардар. Во најголем дел од првото полувреме гледавме израмнет меч, се играше гол за гол, а Унгарија во два наврати имаше предност од два гола, додека имаше дури девет израмнувања на резултатот во првите 30 минути. На полувреме, Унгарија имаше минимална предност од 14:13.

Унгарија подобро го отвори второто полувреме, направи солидна предност од 20:16, но сепак Русија не дозволи предвреме да се реши победникот, направија серија од 4:1 и го намалија резултатот на 21:20. Следеше добар период за Унгарија, кога постигнаа три последователни голови со кои зголемија на 24:20. Кога се мислеше дека е решен победникот, избраниците на Кокшаров го внесоа мечот во неизвесност, успеаа да израмнат на 25:25. Унгарија повторно ја врати предноста, додека Русија имаше напад за израмнување, но не успеа да реализира, односно Миклер го одбрани ударот на Дибиров кој шутираше од својата позиција.

Тројца играчи на Вардар се запишаа во листата на стрелци кај Русија. Калараш постигна четири голови, Дибиров три, додека Шишкарев имаше два погодоци.