Во рамки на првото коло од пролетниот дел во Македонската кугларска лига, односно во 8.коло од сезоната 2019/2020 тимот на Вардар ја пречека екипата на ЖКК Пелистер.
Ние на ова средба со дамите од Битола успеавме, очекувано да дојдеме до победа со високи 7-1. Вардарци дојдоа до 3115 соборени „дрва“. Најдобри скорови имаа Влатко Гиевски кој заврши со 556 „соборени дрва“, Зоран Ристиќ имаше 550 и Саша Јанковиќ 535. Следен предизвик на нашите момци е дербито со КК ГТЦ Мусандра, тим со кој се бориме за „сребрената“ позиција.