Ракометната Лига на Шампиони во новата сезона ќе претрпе големи промени, а во најсилното натпреварување ќе може да има само еден учесник од Македонија.
Ќе се намали и бројот на екипи кои ќе бидат дел од Лигата на Шампионите, па наместо 28 екипи, колку што брои оваа сезона, од следната сезона ќе се натпреваруваат само 16 екипи. Девет од нив ќе влезат според ранкингот, додека останатите девет девет ќе добијат вајлд-карта.
Како што напоменавме само една од екипа од нашата земја ќе може да обезбеди учество во ЛШ од следната сезона, но затоа ќе имаме три претставника во новоформираната Лига на Европак, која ќе биде заменета со ЕХФ Купот. Доколку Вардар успее да ја одбрани титулата во домашното првенство, сигурно дека и од следната сезона ќе го гледаме во ЛШ.
Промени ќе се случат и во однос на термините на одигрување натпревари, па така мечеви од ЛШ ќе можеме да гледаме само во среда и четврток, а не и преку викендите, како што беше случај изминативе години.