Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Китановски одличен, но Македонија У19 загуби од Азербејџан
Китановски одличен, но Македонија У19 загуби од Азербејџан

Китановски одличен, но Македонија У19 загуби од Азербејџан

Пораз за Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на контролните дуели со Азербејџан. Оваа селекција на Македонија се наоѓа во Анталија, каде вчера го одигра првиот контролен меч со врсниците од Азербејџан.

Македонија беше поразена со резултат 2:0, со голови во првото полувреме. Во вториот дел сме имале неколку прилики кои сотанале неискористени, додека во првото полувреме, противникот имал уште две добри шанси, но вардаровиот голман, Кристијан Китановски, со одлични интервенции спасил поголема негатива.

Во стартниот состав покрај Китановски се најдоа уште тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Леонид Игнатов, Виктор Крстевски и Дамјан Трајановски, додека Азер Омерагиќ влегол во игра во вториот дел од мечот.

Двете селекции во понеделник ќе одиграа и втор контролен натпревар.