Помладите пионери на ФК Вардар под водство на Сашо Тодоровски ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Оваа генерација на Вардар успеа да заврши на првото место во есенскиот дел во лигата, со четири бодови предност пред екипата на Работнички и да се пласира во полуфиналето на националниот Куп.
Вчера, помладите пионери го одржаа својот утрински тренинг на Академијата, на која беше присутен и нашиот медиум. Погледнете фотографии од истиот.