Kaко што информираат од РК Вардар, денеска (3 февруари 2020) во 12-00 часот во продажба се пуштаат во продажба поединечните билети за следниот домашен натпревар на Вардар во ЕХФ лигата на шампионите против Мотор Запорожје. Продажбата ќе се врши онлајн преку www.ticketplus.mk, а од 10 февруари 2020 и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.
https://ticketplus.mk/SingleEvent/Index/461
Натпреварот Вардар – Мотор е закажан за 15 февруари 2020 година во СЦ „Јане Сандански” 17,30 часот.
Цената на поединечните билетите за натпреварите со Мотор се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари
Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн - www.ticketplus.mk