Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Градското дерби без публика по одлука на ФФМ
Градското дерби без публика по одлука на ФФМ

Градското дерби без публика по одлука на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија ја прифати препораката од Владата која беше упатена до сите спортски субјекти, дека  сите натпревари кои треба да се одржат до 6. март годинава  препорачано е да се играат без присуство на публика. Па така и градското дерби помеѓу Вардар и Работнички ќе се игра пред празен стадион, во соопштението на ФФМ, се вели:

„По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020. да се играат без присуство на публика, Фудбалската федерација на Македонија официјално потврдува сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика.