Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар М18 и покрај поразот од МЗТ го задржува 3.место, Работнички следен ривал

КК Вардар М18 и покрај поразот од МЗТ го задржува 3.место, Работнички следен ривал

 58347620200305

Екипата на Партизан Водно Санс е новиот лидер во М-18 лигата. Во вториот круг од „Оролоџото“ скопските „црно-бели“ славеа убедлив триумф над Работнички од 30.поени разлика (91:61), па со натпревар повеќе се првопласирани во оваа конкуренција.

Заостанува Феникс 2010 кој го одложи својот меч со Академија ФМП, додека пак кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победата над директниот конкурент за третото место, Вардар (92:71) дојдоа на чекор до реализација на планираното.

Во последниот натпревар од ова второ коло од „часовникот“, прва победа за младите кошаркари на Чаир 2030 кои беа за поен подобри од Куманово 2009 (66:65).

Во Втората лига, две убедливи победи на фаворитите за место во плеј-офот. Кавадаречки Еуро Никел 2005 лесно го совлада (82:61), додека уште поубедлива е победата на ТФТ во мечот против Пелистер (80:41)

До првите успеси во вториот круг дојдоа и вторите екипи на Партизан Водно Санс против Вибас Баскет, (87:75), и на МЗТ Скопје Аеродром против Кожув (77:46).

Во наредните два дена, ќе се одигра и вонредното, трето коло од „Оролоџото“, во обете конкуренции, односно и во Првата и во Втората лига.

М-18 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

2. КОЛО-ОРОЛОЏО

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром-1     71:92

Чаир 2030 – Куманово 2009     66:65

Партизан Водно Санс-1 – Работнички          91:61

Феникс 2010 – Академија ФМП          одл.

ТАБЕЛА: Партизан Водно Санс-1 29, Феникс 2010 28 (-1), Вардар 27, МЗТ Скопје Аеродром-1 25, Работнички 23, Куманово 21, Академија ФМП 18 (-1), Чаир 2030 15;

ИДНО КОЛО

10.03: Куманово – Партизан Водно Санс-1

11.03:Академија ФМП – Чаир 2030

11.03:МЗТ Скопје Аеродром-1 – Феникс 2010

12.03: Работнички – Вардар