Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на златната генерација на ФК Вардар, Бобан Николов излезе со реакција околу натпреварот на нашата репрезентација кој треба да биде одигран на 26 овој месец.
„Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правете „спектакли”! Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас. Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа. Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот. Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати. Спортски поздрав“, вели Николов.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово е закажан на 26 март, а победникот од овој дуел ќе игра финале за ЕП 2020 со Грузија или Белорусија.