Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Илиќ утре ќе го брани голот на Вардар!!
Илиќ утре ќе го брани голот на Вардар!!

Илиќ утре ќе го брани голот на Вардар!!

Поради пет жолти картони на утрешниот натпревар во Скопје против Струга ТЛ помеѓу стативите на нашиот гол ќе го нема капитенот на тимот, Филип Гачевски.

Ова значи дека за прв пат оваа сезона помеѓу стативите ќе застане младиот 23-годишен чувар на мрежата Филип Илиќ за кој ова ќе биде прв официјален натпревар оваа сезона во ПМФЛ.

Илиќ од доаѓањето во Вардар настапи само на три официјални дуели во ПМФЛ. Останува да видиме како ќе ја искористи оваа шанса младиот голман против утрешниот ривал од Струга.

Инаку дуелот на Вардар и Струга ТЛ утре, започнува од 14.00 часот без присуство на публика.