Денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се одигра првиот контролен дуел на репрезентациите на Македонија и Црна Гора до 16 години. Македонија го доби првиот меч, славејќи убедлива победа со резултат 4:1.
Двата од четирите голови беа дело на вардаровите напаѓачи. Резултатот го отвори Георг Стојановски за 1:0, додека конечните 4:1 на овој дуел ги постави уште еден играч кој доаѓа од редовите на Вардар, се работи за Бесар Гуџуфи. Во стартниот состав на тренерот Канатларовски покрај Стојановски и Гуџуфи, беа уште и Стефан Тасев и Игор Јаневски. Во вторииот дел влезе и Стефан Стојановски за кој ова беше деби во националниот дрес, како и Максим Милошевски.
На истиот терен, во четврток двете селекции ќе го одиграа и вториот контролен натпревар.