Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Милано е последниот есенски предизвик за младинските фудбалски категории на Вардар
Милано е последниот есенски предизвик за младинските фудбалски категории на Вардар

Милано е последниот есенски предизвик за младинските фудбалски категории на Вардар

Викендов кој претстои ќе се одигра последното коло од есенскиот дел во првенството на младинските фудбалски категории. Противник е екипата на Милано од Куманово.

-Помладите пионери после елиминацијата во националниот куп, сите свои сили ќе ги насочат кон домашното првенство, каде ќе се обидат до крајот на сезоната да ја задржат моменталната лидерска позиција. Милано ќе биде последната пречка од есенскиот дел за избраниците на Сашо Јанев да ја продолжат серијата од девет последователни победи во лигата. Црвено-црните важат за фаворити на овој меч, кој ќе се одигра на локомотива во сабота со почеток од 10 часот.  После десет одиграни кола оваа генерација се наоѓа на првото место на табелата со вкупно 28 освоени бодови. Под нив се екипите на Шкендија и Работнички кои имаат по 24 бодови.

-Пионерите ќе се обидат со победа да го затворат есенскиот дел од сезоната. Минатото коло пропуштија можност со триумф да се најдат на врвот на табелата. Нивните најголеми конкуренти за титулата, Шкендија и Шкупи одиграа нерешено во дуелите со своите противници. Оваа шанса не ја искористија нашите пионери кои беа поразени на гостински терен од екипата на Ренова. Домашниот терен е одлична можност за црвено-црните да триумфираат и да се надеваат на “кикс“ на директните конкуренти. Мечот против Милано, ќе започне во 12 часот.

-Кадетите ќе имаат тешко гостување во Куманово и тежок меч за освојување на трите бода. Избраниците на Влатко Колев се наоѓаат во одлична форма, откако победија на последните два натпревари, еден во лигата и оној во купот против екипата на Младост. На табелата го делат второто и третото место со екипата на Работнички со вкупно 21 освоен бод. Прв во оваа категорија е Металург со 24 освоени бодови. Мечот во Куманово ќе се одигра во недела со почеток од 11 часот.

-Младинците заедно со кадетите настапија во комбиниран состав за Б-тимот на Вардар, кои беа поразени од екипата на Шкендија. На последните два одиграни натпревари избраниците на Марковски-Калц забележаа победи, против Ренова во првенството и Шкупи во купот на Македонија. Пред одигрување на последното есенско коло, младинците на Вардар се наоѓаат на третото место на табелата, со два бода заостанување зад прво и второпласираните екипи на Шкендија и А. Пандев.