Продолжуваат да се емитуваат натпревари на нашиот Вардар на новиот канал МРТ-3. По средбите и победите над Барса и ПСЖ, денеска љубителите на ракометот и нашиот клуб ќе имаат можност да го погледнат финалето на Вардар и Загреб од минатата сезона во СЕХА.
Натпреварот уште еднаш ќе ги врати убавите спомени на тоа каков моќен тим имаше Вардар во минатата сезона, со голманот Милосављев, Кристопанс, Карачиќ, Мораеш и останатите шампиони.
16.00 ракомет СЕХА 2019 фин: ВАРДАР-ЗАГРЕБ