Кошаркарскиот клуб Вардар, поточно од женскиот тим наскоро ќе започнат активности. Поради светската пандемија со Корона вирусот од март салата “Кале“ и сите тренинзи беа “под мраз.
Конечно доаѓа до значајно олабаување на мерките па се подготовуваат за нови активности. Тие најавиа индивидуален кошаркарски камп за кошаркарки над 14 години.
Познато и стручното трио кое ќе го реализира, станува збор за првиот тренер на тимот Жаклина Стојановска, легендарната кошаркарка во нашите редови и тренер во младите категории Славица Наков, стручната тројка ја сочинува и Симона Деловска. Капитенот на ЖКК Вардар и девојка која со успех ги пренесува кошаркарските знаења на помладите.