Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Симонет во Вардар, многу тешко!
Симонет во Вардар, многу тешко!

Симонет во Вардар, многу тешко!

Последниве два дена се појави и веста за ново ракометно доаѓање во РК Вардар. Според шпанскиот ракометен портал „handball100x100“, Вардар е блиску до потпис со аргентинскиот ракометар Пабло Симонет кој игра на позицијата среден бек, но информациите од Скопје велат нешто поинаку..

Пабло Симонет сепак, е далеку од потпис со актуелниот Европски шампион Вардар. Ситуацијата е таква каква што е. Сиудад Енкантада е новиот клуб на Симонет, па тука е главниот проблем. Вардар покажувал интерес за овој играч, но засега останува само на тоа.

Претходно, од комбинација за ,,црвено – црниот” дрес излегоа организаторите на играта, Мигуел Мартинс Соареш и Артем Кулак.