Пандемијата со корона вирусот не спречи во обидот со генерација 2006 да станеме Шампиони на Македонија. После 15 одиграни кола, избраниците на Спасески Филип имаа солидна бодовна предност пред останатите конкуренти, па со сигурност ќе го освоеа трофејот во нивната дебитантска сезона на регионалната скопска лига. Одигравме вкупно 15 натпревари, на кои остваривме дури 14 победи и само 1 пораз кој се случи на гостувањето во Тетово, во рамките на второто пролетно коло. Црвено-црните го поседуваа и најдобриот напад во лигата со вкупно 77 постигнати голови, како и најдобрата одбрана со само 4 примени погодоци. Навистина штета што сезоната не продолжи, игравме одлично и бевме на добар пат да станеме Шампиони.
Ова се постигнатите резултати на одиграните 15 натпревари:
1 коло: Вардар – Шкендија 6:0
2 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 0:9
3 коло: Вардар – Работнички 1:0
4 коло: Шкупи – Вардар 0:3
5 коло: Вардар – Еуроспорт 5:0
6 коло: Њу Старс – Вардар 0:8
7 коло: Вардар – Кул Здравје 7:0
8 коло: Вардар – Форца 3:0
9 коло: Вардар – Милано 3:1
10 коло: Сарај – Вардар 0:2
11 коло: Вардар – Драчево Јуниор 1:0
12 коло: Грозданоски – Вардар 0:5
13 коло: Вардар – Фортуна 20:1
14 коло: Скопје – Вардар 0:3 ( службено)
15 коло: Шкендија - Вардар 2:1
Успеавме да се пласираме и во 1/2 финалето на националниот Куп, каде за противник го собивме тимот на Шкендија, но и овие мечеви не се одиграа. Во претходните рунди бевме подобри од екипите на Работнички и Постолов Пандев.
1/8: Работнички - Вардар 0:5
1/4,1 меч: Вардар – Постолов Пандев 2:0
1/4, 2 меч: Постолов Пандев – Вардар 1