Европскиот првак, РК Вардар го дефинира ростерот за идната сезона по преземањето на клубот од г-н Михајло Михајловски. Последното засилување е збучно, станува збор за искусниот десен бек, Марко Вујин. Поранешниот репрезентативец на Србија, во изјава за „Балкан Хендбол“ ги дава своите први впечатоци за новата средина.
„Дефинитивно, Вардар е голем клуб и е актуелен шампион на Европа. Искрено, ме привлече новата приказна на чело со Михајло Михајловски. Голема ракометна енергија се чуствува во Скопје, а тоа ме потсетува на Веспрем и Кил. Тоа беше една од клучните работи да се преселам во Вардар, а секако и фактот што тимот е составен од многу квалитетни ракометари. Слушав само позитивни работи за условите во кои се работи, како и за градот и луѓето, што значи дека заедно би можеле да запишеме нови успеси во сезоната која следува- вели Вујин.