Сеуште актуелниот Европски првак, Вардар е при самиот крај на составувањето на ростерот за новата натпреварувачка сезона, во која влегува со драстично изменет состав, но со високи амбиции. Во овој момент недостасува среден бек, а не се исклучува можноста да се донесе и уште еден лев бек.
Вардарци со вчерашното комплетирање на трансферот на Марко Вујин и со останувањето на Кристијан Дисингер во екипата и во новата сезона, малку недостасува да ја комплетираат некогашната ,,тројка” од Кил, бидејќи Миха Зарабец е сериозна опција да го засили ,,црвено – црниот” тим од Скопје.
За потсетување Вујин, Дисингер и Зарабец се добри пријатели уште од времето во Кил, каде и тројцата го носеа дресот на овој германски великан, а лесно може да се случи во новата сезона да соработуваа повторно заедно, овој пат во дресот на Вардар.
Дисингер како лев бек, Зарабец како „плејмејкер“ и Вујин како десен бек – изгледа интересно..