Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Кога го нема Вардар во Европа, ја нема и Македонија
Гачевски: Кога го нема Вардар во Европа, ја нема и Македонија

Гачевски: Кога го нема Вардар во Европа, ја нема и Македонија

Вардар денес е прогласен за нов Шампион на Македонија. Откако првата македонска фудбалска лига беше прекината поради пандемијата со корона вирусот, денес од ФФМ со официјална одлука, Вардар да биде прогласен за Шампион. Повеќе од заслужена ни припадна титулата, со оглед дека имавме голема бодовна предност пред останатите конкуренти. По повод, прогласувањето на Шампиони, на својот ФБ профил се огласи капитенот, Гачевски, кој се радува за титулата, но истовремено жали, што Вардар нема да игра во Европа

-Први сме во Македонија, а не нема во Европа. Кога го нема Вардар во Европа, ја нема и Македонија..Што можеме ние играчите, ние ја исполнивме целта, но не ја добиваме наградата, нема да имаме шанса за нова Европска бајка. Штета за оваа шампионска генерација. Само Вардар, само Република Македонија.

gacevski-fb