Со тренинзи стартуваше и Академијата на ФК Вардар. После големата пауза на терените се вратија нашите млади надежи. Вчера, вечерта, на теренот на Академијата активни беа генерациите 2009, 2010 и 2011 кои го одржаа својот тренинг.
Генерацијата 2009 ја предводи Зоран Петковски, генерацијата 2010 е под водство на Игор Кралевски, додека Боби Андоновски е задолжен за генерацијата 2011.
Нашиот медиум беше присутен на вчерашниот тренинг од кој ви носи фотогалерија.