ФК Вардар не запира со новите имиња. Покрај бразилскиот фудбалер Чарлестон Силва Дос Сантос, пред потпис на договор е уште еден нов играч. Се работи за младиот Мартин Мирчевски кој е член на Беласица.
Мирчевски минатата сезона беше најдобар играч во својата екипа но и во втората лига, постигнувајќи 14 погодоци на исто толку натпревари. Мирчевски оваа сезона запиша и три првенствени натпревари за тимот од Струмица. Во својата кариера овој играч ги бранеше боите и на Пелистер и косовска Трепча.
Доколку дојде до овој трансфер, а е многу блиску до реализација, Александар Васоски ќе добие големо засилување во офанзивата на својот тим.
Да потсетиме дека Вардар ќе биде засилен и со Петровиќ и Игески, а на проба во тимот е младиот Марко Мартинага.