Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > АУУУУ КАКОВ ВАРДАР: РИСТОВСКИ Е ЈУНАК, ,,ЦРВЕНО – ЦРНИТЕ” СЕ ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ!!
АУУУУ КАКОВ ВАРДАР: РИСТОВСКИ Е ЈУНАК, ,,ЦРВЕНО – ЦРНИТЕ” СЕ ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ!!

АУУУУ КАКОВ ВАРДАР: РИСТОВСКИ Е ЈУНАК, ,,ЦРВЕНО – ЦРНИТЕ” СЕ ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ!!

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и го однесе нашиот тим на пенали. Во пенал рулетот сите погодија кај Вардар, а Борко фати еден пенал доволен за финале.

Вардар по првите 30.минути имаше негатива од три голови. Натпреварот започна изедначено, гол за гол. По првите десет минути резултатот беше 6:6. Се до 20.минута Вардар се држеше, благодарение на одличниот Дисингер кој постигна четири погодоци и Гаџа кој го следеше со три. По дваесетата минута започна да тоне Вардар кон негатива. Во 21. минута противникот имаше два голови плус, а во 22.минута таа предност дојде и до три голови. Вардар благодарение на Вујин се врати, па со два гола во серија на овој играч дојде до минус еден на две минути до крајот на првиот дел. Кога се чинеше дека Вардар ќе замине на одмор со мала или никаква негатива, со две грешки во серија, противникот дојде до нови плус три, овој пат доволни за на полувреме 16:13. Да напоменеме дека Дисингер се повреди на седум-осум минути до полувремето, па не можеше да влезе во игра што беше секако голем минус за вардарци.

Вториот дел започна лошо за Вардар. Идеја во нападот немаше, а противникот на Вардар само ја зголемуваше предноста. Како одминуваше натпреварот, така и Вардар ја губеше трпеливоста во нападот. Кога се чинеше дека Вардар е пред пораз, на сцена стапи онoј Вардар што сите го сакаат, а тој е – кога мислите дека Вардар е пречкртан, се враќа, и оди во големо финале. Нешто слично на оној дуел со Барса во ЛШ. Ристовски вечерва беше јунакот на Вардар. Го понесе до изедначување со неколку супер одбрани, а Јотиќ во самиот финиш погоди за егал. На пенали, Вардар беше перфектен. Сите погодија, а Ристовски фати два седмерца, доволни за финале.

Браво за РК Вардар 1961!