На вчерашниот натпревар во Полска, РК Вардар во првиот дел играше без идеја, без креирани шанси за погодоци, освен Горбок ретко кој играч можеше да ја разбие зоната на Кјелце, и од далечина да погоди. Без првата виолина во тимот не е лесно да се игра… Игор на секој натпревар креира многу шанси за гол кај Вардарци, а, и секогаш постигнува и по 3-4 погодоци во континуитет по натпревар.
Но, тоа е тоа, главата горе, имае уште многу да се игра, одиме чекор по чекор, мора да ја надминеме оваа криза од три порази едно по друго, два против Барселона и еден вчера против Кјелце. Следениот натпревар го играме дома, против Колдинг.