Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Бобан Стојановски: Сакам да се надигрувам со противничките екипи и полека да стигнам до целта која ја имам зацртано
Бобан Стојановски: Сакам да се надигрувам со противничките екипи и полека да стигнам до целта која ја имам зацртано

Бобан Стојановски: Сакам да се надигрувам со противничките екипи и полека да стигнам до целта која ја имам зацртано

Викендов започна нов голем проект на ракометниот клуб Вардар. Во следниот период активна ќе биде “Вардар Јуниор“ лигата, во која ќе се натпреваруваат ракометните академии кои се дел од клубот. Ќе учествуваат екипи од вкупно 20 различни ракометни школи низ цела Македонија. Ракометниот клуб го следеше примерот од фудбалскиот, каде започна да фунционира слична ваква лига за младите и перспективни дечиња. Целта е да се прошири Вардар лигата низ целата земја и останатите клубови да се приклучат во овој голем проект во кој се вклучени најмладите. Веќе се одигра првото коло, во машка и женска конкуренција. Ние како медиум кој известува за младите категории, ќе ја следиме лигата, каде ќе доминирааат изјави од младите спортисти. Започнуваме со членот на Рк Илинден Вардар, Бобан Стојановски има можност да биде дел од овој голем настан. Бобан своите први почетоци во ракометот ги има како играч на Металург каде тренира и настапува три години. Следна негова дестинација е Илинден Вардар, екипа со која учествува во “Вардар Јуниор“ лигата.

-Многу ми се допаѓа целокупната организација на оваа лига. Моите први впечатоци се позитивни и добро е тоа што можеме повеќе да се запознаеме со другите ракометни академии. Преку оваа лига имаме можност да се дружиме и споделуваме иксуства, но и да ги докажуваме нашите играчки квалитети. “Вардар јуниор“ лигата е направена за да се види колку многу талентирани ракометари има во академиите кои се дел од најдобриот ракометен  клуб во Македонија. Секако дека сакам да се надигрувам со противничките екипи и полека да стигнам до целта која ја имам зацртано.

Рк Илинден Вардар на стартот се сретна со екипата на Бисинов Вардар, дуел кој заврши со резултат 20:13 во корист на Бисинов.

-Во првото воведно коло на оваа лига, се сретнавме со екипата на Бисинов и искрено не сум задоволен од играта и конечниот резултат. Сигурен сум дека можеме многу повеќе и максимално ќе се трудиме во следните натпревари да го поправиме впечатокот, изјави Бобан Стојановски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски