Викендов се одигра 1.коло од сезоната 2020/2021 во Македонската кугларска лига. Во саботата историски ден беше за нашиот Вардар, но и за македонското куглање. Прво коло на МКЛ, прв официјален настап на Б тимот во рамките на лигата, прво клупско братско дерби со А тимот кое беше неизвесно до самиот крај. Б тимот како погон на А тимот докажа дека сите вардарови куглари се достојни за главната севкупна шесторка. Допрва ќе претстојат многу предизвици и шанси за докажување. Еден е Вардар.
Најдобар поединец во А тимот Дарко Димитровски со 540 кој донесе поен заедно со Зоран Ристиќ и Бранко Митиќ.
Најдобар поединец во Б тимот Георг Поп-Крстев со 577 кој донесе поен заедно со Влатко Гиевски и Љупчо Митиќ.