Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Втора убедлива победа за кадетите на ФК Вардар, избраниците на Ивановски со три бода се враќаат од Тетово
Втора убедлива победа за кадетите на ФК Вардар, избраниците на Ивановски со три бода се враќаат од Тетово

Втора убедлива победа за кадетите на ФК Вардар, избраниците на Ивановски со три бода се враќаат од Тетово

Денес во Тетово натпревар од 2.коло одиграа кадетите на ФК Вардар кои убедливо го победија тимот на Ренова. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 1:4.

Тренерот Филип Ивановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јовчев, Давков, Ѓорѓиевски, Ѓоргоски, Трпезановски, Живков, Стојановски, Стојчевски (К), Андрески, Марковски и Тасевски. 

5

На овој натпревар видовме целосна доминација на нашиот состав, иако настапивме без неколку играчи кои денес настапија за мадинците, сепак Вардар се покажа како пресилен за тимот на Ренова. Со оглед дека домашниот тим освен постигнатиот гол од пенал во последната минута , немаше ниту една посериозна прилика кон нашиот гол, слободно можеме да кажеме дека победата е повеќе и од заслужена. Уште во првата минута од натпреварот го имавме првиот директен удар преку Стојановски кој биеше, на додадена топка од Андрески, сепак голманот на Ренова го одбрани ударот.

1 2

Сепак во следната прилика и тоа уште во 3.минута од дуелот црвено-црните успеаа да го отворат резултатот и да поведат со 0:1. Стрелец на голот беше Георг Стојановски кој погоди на одлична асистенција од Трпезановски, Гео се најде во противничкиот шеснаесетник биеше прецизно за отварање на резултатот. Имавме поголем посед на топка во првиот дел создадовме шанси и преку Тасевски кој имаше обид од десната страна, но без реализација, додека во шанса се најде и Славче Живков, после одлична акција на Стојчевски и Тасевски, последен кој шутираше крај голот беше Живков. За одбележување е обидот од голема далечина од слободен удар на Грегори Давков, сепак голманот на Ренова со одлична интервенција спаси поголема негатива. Во шанса се најде и противникот, еден од нивните играчи доби топка од десната страна, но биеше само крај голот на Јовчев. Со резултат од 0:1 се замина на полувреме.

3 4

Во вториот дел дојде до целосен израз нашата добра игра. Мора да се пофали и тренерот Филип Ивановски кој денес одлично ги искомбинира двете младински екипи на Вардар, со оглед дека недостасуваа голем број на играчи и во двете генерации. Првиот директен удар во второто полувреме го имаше Ренова, но ништо опасно кон нашиот гол. Кај нас се обиде Давков кој шутираше на одбиена топка над противничкиот гол. Вардар во 71 минута успеа да го зголеми водството на 0:2, а стрелец на голот беше стоперот Филип Ѓорѓоски. На нафрлена топка од корнер на Давков, најумешен во противничкиот шеснаесетник беше Филип Ѓорѓоски кој со нога биеше погодувајќи ја мрежата за зголемување на резултатот. Предноста ни овозможи да имаме мирен тек на натпреварот, едноставно имавме целосна контрола на играта, додека Ренова беше целосно затворена.

6 7

Најубавиот гол на дуелот беше за Георг Стојановски кој од 30 метри со евро гол во 83 минута го матираше противничкиот голман, топката под пречката заврши во голот за водство од 0:3, навистина убав погодок за вардаровиот играч. До крајот на натпреварот постигнавме уште еден гол, повторно дело на Филип Ѓорѓоски кој погоди повторно на нафрлена топка од корнер, втор негов гол за водство од 0:4 во 85 минута. Во последната минута непотребно Трпезановски направи прекршок во нашиот шеснаесетник, кој главниот судија го оцени како старт за пенал, противникот реализира за намалување на 1:4, што беше и конечен резултат на овој дуел од кадетската лига.

124188854_3437713352942153_6188236620599580666_o

Во игра ги видовме уште и Сулејман Исмаиљи и Алек Саит. Ова беше втор сезонски триумф за кадетите на Вардар од исто толку одиграни мечеви.