Одбојкарките на Вардар продолжуваат со беспрекорните изданија во домашниот шампионат откако денеска во рамките од шестата рунда ја забележаа и својата шеста победа. „Црвено-црните“ во Скопје го пречекаа тимот на УГД Штип, триумфирајќи со максимални 3-0 и останувајќи без загубен сет оваа сезона.
„Вардарки“ почнаа импресивно, триумфирајќи во првиот сет со преубедливи 25-9. Гостинките од Штип дадоа посериозен отпор во остатокот од натпреварот, но нашиот тим сепак стигна до максимален триумф славејќи со 25-21 во вториот и со 25-20 во третиот сет.
Одличните игри во домашното првенство се увертира за настапот во Челинџ-купот на ЦЕВ. Вардар без борба го мина првото коло поради откажување на финскиот претставник, а ЦЕВ сега реши да организира „балон“ во Капошвар, Унгарија, каде „црвено-црните“ на 9 декември ќе се сретнат во еден меч со Нитра од Словачка