Кадетите на ФК Вардар стигнаа и до петтата последователна победа. Утрово на теренот на „Академијата“ избраниците на Филип Ивановски убедливо ја совладаа екипата на Брегалница. Конечниот резултат гласеше 4:0.
Тренерот Ивановски започна со следниве 11-сетмина: Јовчев, Јовановски, Давков, Ѓорѓиевски, Ѓоргоски, Трпезановски, Живков, Гуџуфи, Андрески, Марковски и Давидовски (К).
Вардар со половина од силите успеа да стигне до триумф, имавме контрола на играта, создадовме повеќе шанси и на крајот успеавме да ги освоиме бодовите. Уште во првите минути од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот со голот на Бесар Гуџуфи, кој погоди на асистенција од Јовановски. Токму асистентот на првиот гол, Јовановски беше следниот кој имаше шанса но шутираше само крајо голот на штипјани. Вардар зголеми на 2:0 и повторно со погодок на Гуџуфи, нашиот напаѓач денес беше нерешлива енигма за одбраната на Брегалница, повторно успева да и побегне на одбраната на гостинскиот тим и да погоди за 2:0, овој пат асистент беше Лео Андрески. Нова шанса и тоа добра имаше Гуџуфи кој шутираше во противничкиот шеснаесетник, но заврши крај голот. Стрелецот на првите два гола во следната акција се најде во улога на асистент, од десната страна Гуџуфи нафрли топка во противничкиот шеснаесетник, го пронајде Лео Андрески кој биеше од прва, голманот со одлична интервенција од прва го одбрани неговиот удар, но одбиената топка стигна повторно до Андрески, кој не греши повторно, ја погоди мрежата за водство од 3:0. Гостинската екипа имаше голема шанса да постигне почесен гол, се создаде акција од левата страна, но еден од нивните играчи биеше само крај голот на Јовчев. До крајот на првиот дел успеваме да го зголемиме водството на 4:0. Во листата на стрелци се запиша и Славче Живков. Се тргна од Ѓоргоски кој додаде до Давков, овој до Гуџуфи, кој асистира до Живков кој успева да погоди. Сите дилеми за конечниот победник ги завршивме во првите 45 минути кога овој резултат беше актуелен.
Во вториот дел не видовме гол, иако Вардар имаше неколку прилики да ја зголеми предноста. Беше поништен гол на Живков, откако судијата досуди недозволена позиција. Во игра во вториот де ги видовме Дарко Младеновиќ, Алек Саит и Петре Тасевски. Младеновиќ имаше шанса, откако бише со глава на нафрлена топка, но одбрани голманот. Во прилика во вториот дел се најде Андрески, но немаше реализација, додека добра шанса имаше и Брегалница, но одлично одбрани Јовчев. Конечниот резултат на крајот гласеше 4:0.
Ова беше петта победа во серија за нашите кадети, кои и после 5.коло ќе останат на првото место во кадетската Супер лига.