Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > „Вардарки“ со перфектен скор во Првата лига, нова 6.победа по ред
„Вардарки“ со перфектен скор во Првата лига, нова 6.победа по ред

„Вардарки“ со перфектен скор во Првата лига, нова 6.победа по ред

Одбојкарките на Вардар продолжуваат со беспрекорните изданија во домашниот шампионат откако денеска во рамките од шестата рунда ја забележаа и својата шеста победа. „Црвено-црните“ во Скопје го пречекаа тимот на УГД Штип, триумфирајќи со максимални 3-0 и останувајќи без загубен сет оваа сезона.

„Вардарки“ почнаа импресивно, триумфирајќи во првиот сет со преубедливи 25-9. Гостинките од Штип дадоа посериозен отпор во остатокот од натпреварот, но нашиот тим сепак стигна до максимален триумф славејќи со 25-21 во вториот и со 25-20 во третиот сет.

Одличните игри во домашното првенство се увертира за настапот во Челинџ-купот на ЦЕВ. Вардар без борба го мина првото коло поради откажување на финскиот претставник, а ЦЕВ сега реши да организира „балон“ во Капошвар, Унгарија, каде „црвено-црните“ на 9 декември ќе се сретнат во еден меч со Нитра од Словачка