Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пред точно една година: ФК Вардар промовиран во есенски шампион, незаборавно шоу на трибините
Пред точно една година: ФК Вардар промовиран во есенски шампион, незаборавно шоу на трибините

Пред точно една година: ФК Вардар промовиран во есенски шампион, незаборавно шоу на трибините

На денешен ден, 08.12 пред точно една година, ФК Вардар беше промовиран и официјално во нов есенски шампион на Македонија.

По повод есенската титула, голем број на навивачи дојдоа на Градски да го поздрават шампионот и да му дадат голема поддршка. Како ретко кога игра Вардар во ПМФЛ, солидно беше пополнета и северната трибина, а западот беше фантастичен (некаде околу 2000 навивачи).

Вардар на тој натпревар одигра одлично, два пати водеше, но на крајот резултатот заврши без победник 2:2. За време и по натпреварот, фудбалерите на Вардар славеа заедно со својата армија на навивачи, а во еден момент навивањето го продолжи и капитенот на Вардар, Филип Гачевски.

Во продолжение неколку фотографии за време на натпреварот:

415 komiti-7 komiti-9