Одбојкарките на ЖОК Вардар претрпеа пораз од 3-0 во второто коло од Челинџ-купот на ЦЕВ, прв настап на една македонска женска екипа во европските купови по пауза од десетина години.
„Црвено-црните“ не можеа со комплетен состав да излезат на мегдан со ривалот од Словачка, бидејќи поради административни причини не можеа да настапат двете интернационалки од Куба и од Казахстан. Младите македонски девојчиња сторија се што беше во нивна моќ, одиграа сосема солидно, но тоа беше недоволно за да се освои барем еден сет.
Нитра делуваше најмоќно во првиот сет што го доби со 25-12, во вториот и во третиот „вардарки“ освоија по 17 поени, за крај на европската авантура