Вардар пропушти голема шанса со победа да се искачи на четвртото место на табелата во ПМФЛ. Во рамките на 16.коло, Вардар одигра со нерешен резултат (1:1), икао имаше предност до 84 минута од натпреварот кога домашниот тим стигна до израмнување.
Доколку ги освоивме трите бода, црвено-црните ќе беа на високото 4 место. Во прилог одеше нерешениот резултат на Силекс и Струга ТЛ, како и поразот на Борец во Струмица.
Вака, после 16 одиграни кола, Вардар се наоѓа на 8 место со 21 освоен бод. Во следното 17.коло, Вардар е домаќин на Македонија Ѓ.П.