Во недела (13.12) на градскиот стадион ќе се одигра натпреварот од 17.коло во ПМФЛ меѓу екипите на Вардар и Македонија Ѓ.П.
ФФМ ги делегираше судиите за овој дуел. За главен арбитар е одреден Јован Качевски (Струга), додека негови помошници ќе бидат Дејан Неделкоски ( Скопје) и Даниел Василевски ( Скопје), додека за четврт судија е назначен Димитар Мечкаровски.
Натпреварот во недела ќе стартува од 13:00 часот.